Боатенг му ‘удри четка’ на Португалецот: Меси е подобар дриблер, ама Роналдо е комплетен играч

Реал Мадрид вечерва (20.45 часот) гостува на „Алијанц арена“ во Минхен во рамките на првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Дефанзивецот на баварскиот тим, Џером Боатенг, се подготвува за нов жесток дуел со Кристијано Роналдо. Ги имаше и во изминатите неколку сезони, а Португалецот секогаш знаеше како да го надмудри.

„Можеби е Меси подобар дриблер, но Кристијано Роналдо е комплетен играч. Ако го оставите за дел од секундата ќе постигне гол, умее со десна, но и со лева, скока повисоко од дефанзивците, има моќ сам да го порази ривалот. Но, подготвени сме за новиот предизвик. Ќе се сретнат два големи тима, секоја грешка може да биде кобна и сепак е ова пресметка на колективот. Ниту Роналдо сам ќе разреши се, ниту пак доколку успееме да го сопреме, тоа ќе значи дека Баерн Минхен би играл во финалето во Киев. Едно е јасно, ќе уживаме и ние фудбалерите на теренот, а и навивачите на трибините“, истакна Боатенг пред вечерашниот дуел со Реал Мадрид.

Се вчитува...