Ливерпул скапо ја плати победата над Рома откако денеска беа потврдени стравувањата за сериозноста на повредата на Алекс Окслејд Чембрлен. Англискиот репрезентативец настрада при еден дуел со Александар Коларов и мораше на носилки да биде изнесен од теренот, а „црните сценарија“ дека станува збор за проблем со лигаментите на коленото денеска ги потврди Ливерпул на својата официјална веб-страница.
Како што објавија „црвените“, не само што Окслејд Чембрлен ќе паузира до крајот на сезонава, туку и нема да може да настапи за Англија на претстојното Светско Првенство што на 14 јуни ќе стартува во Русија.
Точната пауза од терените се уште не се обелоденува, но се очекува истата да изнесува најмалку шест месеци, што би значело дека Окслејд Чембрлен ќе го пропушти и стартот на наредната сезона. Вистинска штета, со оглед на фактот дека фудбалерот за врска во последните неколку месеци влезе во топ-форма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА