Реал синоќа запиша уште една голема победа против Баерн Минхен (1-2) во првиот натпревар од полуфиналето и е на чекор до третото последователно финале во Лигата на шампионите.
Баерн поведе во 28.минута, а Реал до полувремето изедначи со голот на Марсело и направи комплетен прсврт во 57.минута со погодокот на Асенсио. Исто како и минатата година кога „кралскиот клуб“ славеше во Минхен со идентични 1-2.
И лани и годинава, Реал Мадрид играше во црни дресови, а што е упте поинтересно, шпанскиот клуб во Минхен бил сместен и во истиот хотел како лани бидејќи „суеверниот“ Зинедин Зидан не сакал ништо да препушти на случајноста. Зидан од УЕФА побарал Реал и оваа сезона во првиот натпревар да игра во црни дресови, иако без проблем можел да ја одбере и белата гарнитура со оглед на тоде дека Баерн игра во црвени дресови.
Освен тоа, Зидан инсистирал Реал да престојува во истиот хотел, дури и за тимот да бидат задолжени и истите луѓе како и во 2017 година кога исто така гостуваа во Михнен во четвртфиналето од ЛШ.
На Зидан му биле исполнети сите желби и случајно или не, натпреварот заврши исто како лани!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА