Што се случуваше по мечот? Вистински хаос на „Алијанц арена“! (ФОТО)

Вистински хаос настан на теренот на „Алијанц арена“ по последниот судиски свиреж на синоќешниот натпревар од полуфиналето во ЛШ меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Реал славеше со 2-1 во првиот меч, а по дуелот неколку „најзапалени“ навивачи се втурнаа на терен од различни причини. Некои желни само за селфи со најголемите ѕвезди на денешницата, додека други пак и тоа како ги преплашија фудбалерите… Еден од нив жестоко посакуваше да го добие дресот на фудбалерот на Баерн, Франк Рибери.

За среќа, обезбедувањето на крајот добро реагираше за се да мине без поголеми проблеми…

 

Се вчитува...