Возачот на Ред Бул, Даниел Рикиардо, откри дека имал мал оперативен зафат после победата на Ф1 трката за ГН на Кина. Австралиецот добил инфекција на усната и тоа морал да го санира со мала операција во Лондон.
Рикиардо после трката во Кина, отпатувал во Англија каде извесно време поминал во симулаторот на Ред Бул, а после тоа бил во болница во Лондон.
После успешната интервенција, Рикиардо неколку дена одмарал во својот дом во Монако.
„Би сакал да можам да ви раскажувам за тридневна прослава на која сме ја залевале победата, но ништо такво не се случи. По трката во Шангај, требаше да сменам неколку летови до Лондон. Уште во Бахреин ми се појави нешто многу чудно на едната усна и почна да се воспалува. Мораше да се санира со мала операција. По интервенцијата, најпосле се прибрав во Монако и успеав малку да земам здив“ – сподели Рикиардо на својот блог на официјалниот сајт на Ред Бул.
Следната трка од шампионатот во Формула 1 ќе се вози на 29 април во Баку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА