Селекторот на руската репрезентација во бијатлон е суспендиран по обвинувањата дека на 17-годишна бијатлонка и нудел место во репрезентацијата во замена за сексуални услуги.
Министерот за спорт на московскиот регион Роман Терјушков изјави дека тренерот Сергеј Тутмин на спортиската и понудил „перспектива со националниот тим“ ако се придржува до неговите барања.
Терјушков соопшти дека Тутмин веднаш добил отказ од регионалниот тим, добил и забрана за вршење на тренерската работа, а неговиот случај понатаму ќе биде префрлен во обвинителството. Тој дополни дека 17-годишната Русинка понатаму ќе добие комплетна поддршка и заштита за да ја продолжи својата кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА