Стоилов: Кил е еден од најдобрите во историјата, но наша цел е Ф4 во Келн

Ракометарите на Вардар со нетрпение го очекуваат реванш дуелот против Кил, закажан за недела во 17 часот во СЦ „Јане Сандански“. Капитенот Стојанче Стоилов има само пофални зборови за „зебрите“ од Германија, порачувајќи дека „црвено-црните“ се максимално фокусирани на зацртаната цел – пласман на вториот по ред фајналфор турнир во клупската историја.

„Пред нас е многу тежок натпревар, Кил е еден од најдобрите клубови во историјата на ракометот. Ние победивме на првиот меч во Германија, но не смееме да бидеме еуфорични, мораме да тргнеме како да е 0-0 за да ја оствариме нашата цел, пласман на Ф4 турнирот во Келн. Во моментов е неважно дали имаме проблеми или не и во моментов нашиот императив е пласман на Ф4 турнирот“ – изјави Стојанче Стоилов на денешната прес-конференција.

Се вчитува...