Вардар во недела во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Кил во реваншот од четвртфиналето кој воедно е и последен натпревар на вардарци во Лигата на шампионите пред домашната публика. И проштален натпревар за тренерот Раул Гонзалес на скопски терен. Со поддршка од своите навивачи„црвено-црните“ се надеваат дека сезоната ќе биде заокружена со уште еден триумф кој ќе ги однесе на Ф4 турнирот од ЛШ во Келн, втора година по ред.
„Го играме последниот натпревар оваа сезона во Скопје, реванш против Кил. Победивме со еден гол разлика на првиот натпревар, ова ќе биде второ полувреме. Тоа е добар резултат, сега ќе играме во наша сала и со поддршка од нашите навивачи. Кил има квалитет да победи, имаат добри играчи. Кил на првиот меч играше одбрана 3-2-1, таму не изненадија малку. Сите наши играчи тренираа без проблеми и сите се подготвени за дуелот. Сакаме уште еднаш да играме на Ф4 во Келн, но ќе биде тешко. Сите мислат дека тука лесно ќе победиме, имаме притисок, но се надевам дека ќе одиграме добро“ – вели Раул Гонзалес.
Четвртфиналниот дуел меѓу Вардар и Кил ќе се одигра в недела (17 ч.) во СЦ Јане Сандански.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА