За тоа дека секогаш во животот ни текнува на вистинските великани откако ќе биде касно потврда е и „Франс фудбал“, магазинот кој од 1956 година го избира најдобриот европски фудбалер доделувајќи ја „Златната топка“.
Во своето најново издание, „Франс фудбал“ му се извини на Иниеста што никогаш не ја добил престижната европска награда…
„Прости ни Андрес… Демократијата е и еден вид аномалија за секоја правда и чесност. Ние грешевме со тебе, затоа што и за наградата ‘Златна топка’ оставивме да гласаат европските медиуми… Но, тоа не не оправдува и нас, за пропустот кон тебе. Иниеста покажа дека најважната работа во фудбалот е интелигенцијата, за да бидете вистински шампион… Сепак, останува 2018 година како можност сепак Андрес ти да ја добиеш ‘Златната топка’. Се надевам за тоа ќе ти помогне и Светското првенство во Русија“ – се вели во дел од коментарот на главниот уредник на „Франс фудбал“, Паскал Фер.
Андрес Иниеста вчера објави дека оваа сезона за него ќе биде последна во дресот на Барселона, а од следната кариерата ја продолжува најверојатно во Кина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

