Наполи дојде на само еден бод до Јувентус, но шампионот го освои Милано, а Наполи падна во Фиренца, и повторно амбициите за скудетото на „наполитанците“ се сведени на теорија. Фиорентина го совлада Наполи со 3-0, со хет – трикот на Џовани Симеоне.
Наполи уште на стартот на мечот остана без Калиду Кулибали, кој заработи црвен картон, а тоа домашниот тим знаеше да го искористи. Симеоне го отвори резултатот во 34.минута, а во вториот дел уште двапати ја затресе мрежата на Пепе Реина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА