Барселона малку се „коцкаше“ дозволувајќи неизвесност до самиот финиш, но на крајот славеше со 2-4 на гостувањето против веќе испадната Ла Коруња во 35. коло од Примера со што и дефинитивно си ја освои шампионската титула во Шпанија!
Каталонскиот тим се стекна со предност од 0-2 со погодоците на Кутињо во 7. минута и Лионел Меси во 38. минута.
Но, во второто полувреме домашните со головите на Перез и Чолак стигнаа до 2-2.
Сепак, Лионел Меси е тука за да го промовира тимот во нов шампион на Шпанија, па со два гола во 82. и во 85. минута донесе конечен триумф од 2-4 за својот тим.
Со оваа победа, Барселона е со 11 бода предност во однос на Атлетико Мадрид, за кого остануваат уште три кола до крајот, со што дефинитивно си ја осигура круната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА