Барселона и официјално ја освои шампионската титула во Ла Лига со триумфот (2-4) над Депортиво Ла Коруња, но скандалот се случи кога фудбалерите ги облекоа специјално дизајнираните маици за да прослават, каде беа испишани имињата на фудбалерите. Намерно или не, заборавени се тројца фудбалери кои го напуштија клубот во јануари, Маскерано (Хебеи), Делофеу (Ватфорд) и Арда Туран (Башакшехир). Интересно, дека Рафиња Алкантара, кој во јануари замина во Интер, се најде на списокот на освојувачи на шампионската титула.
Ова, секако, му смета на Жерар Делофеу, кој и јавно реагираше.
„Шампиони! И моја е титулата, зарем не?“, напиша Делофеу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА