Раководството на Евролигата му изрекло казни на тимот на Химки за последниот натпревар од четвртфиналната серија со ЦСКА Москва, но челниците на ова натпреварување се уште молчат по жалбата на рускиот клуб за скандалозниот финиш. Хигинс ги постигна поените за победа на ЦСКА, но веднаш потоа Химки тргна во напад и лесно реализираше. За шок на сите во салата, судијата непосредно пред положувањето на домашните кошаркари ја прекина играта, а потоа по консултациите со записничката маса домаќините тргнаа во напад од сопствениот кош, за пет секунди не постигнаа поени и на крајот го загубија мечот.
„Казнети сме за однесувањето на навивачите и на еден наш кошаркар. Ја прифаќаме одговорноста и ќе платиме, но исто така сме изненадени што веќе ни стигнаа казните, но не и одговорот на жалбата што ја поднесовме до Евролигата. Јасно ни е дека не може да се влијае врз конечниот исход на мечот, но играчите, тренерите и целокупната кошаркарска јавност сакаат да знаат каков е ставот на Евролигата за оваа епизода. Што се случи? Дали беше некоординираност меѓу судиите и записничката маса, или судиска грешка… дали може судија да запре натпревар додека топката е во игра. Примивме илјадници пораки од цела Европа, никој не знае што се случи, реално е Евролигата да се изјасни и да даде објаснување, меѓу другото и да се знае за вакви работи да не се повторат во иднина“ – изјави генералниот менаџер на Химки, Павел Астакхов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА