Балотели: Едно е сигурно, не се враќам во Милан

Ница е клубот што успеа да го смири Марио Балотели, па проблематичниот голгетер во две години минати во францускиот шампионат конечно ги остави зад себе лудориите и во преден план ги постави фудбалските квалитети. Балотели сезонава досега постигна 23 гола, од кои 15 во француската лига, но како што стојат работите тој на крајот од сезонава ќе ги промени клупските ебои.

„Речиси сигурно нема да останам. Иако не е 100%, мислам дека ова ми е последна сезона во Ница“ – објави Балотели.

За неговите услуги се заинтересирани бројни клубови ширум Европа, но „Супер Марио“ во преден план ќе ги има понудите од татковината. Од сите можни екипи, само една сигурно нема да биде опција за Балотели – поранешниот клуб Милан.

„Искрено би сакал да се вратам во Италија и повторно да играм во Серија А. Многу клубови ме бараат и сигурно во следниот период ќе разговарам со нив. Она што можам со сигурност да го кажам дека мој нов клуб нема да биде Милан“ – открива Марио Балотели.

 

Се вчитува...