Луис Хамилтон триумфираше на трката за ГН на Азербејџан, со многу среќа стигнувајќи до својата прва победа сезонавa. Актуелниот Ф1 шампион имаше причина за славје, но Хамилтон не ја пропушти ниту можноста јавно да го критикува Себастијан Фетел. Според Британецот, возачот на Ферари ги прекршил правилата со своето возење додека на патеката се наоѓаше сигурносно возило.
„Не може да се вози така, тргни-застани кога има сигурносно возило на патеката, тоа е мамење на оној што е зад вас и не смее да ве претекне, инаку ќе биде казнет. Истото се случи и во Австралија, кога за малку ќе се удрев во него, сега во Баку го повтори таквото возење четири пати. Правилата треба да се знаат, ако на лидерите им се дозволува да тргнуваат и да застануваат кога ќе посакаат, барем треба да го кажат тоа за сите да го знаеме, бидејќи јас поинаку ги разбирам регулативите“ – изјави Хамилтон.
Британецот со оваа победа се искачи на првото место во генералниот пласман со 70 бода, пред Фетел со 66, Раиконен со 48 и Ботас со 40 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА