Милер: Сите знаат што ни се случи во Мадрид лани

Баерн Минхен ќе брка негатива од два гола на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“, но германските шампиони се оптимисти дека ќе успеат да ја надополнат оваа негатива. Само за потсетување, идентичен беше резултатот и во ланските пресметки на овие два тима, кога Баерн славеше со 1-2, но Реал со два сомнителни гола и еден црвен картон успеа да направи пресврт и да се пласира во финалето. Токму затоа, Томас Милер на прес-конференцијата изрази оптимизам дека судијата Чакир овојпат ќе биде на висина на задачата, а победникот ќе го решаваат фудбалерите на теренот.

„Не сакаме да размислуваме за судијата, но исто така и не се заборава така лесно она што ни се случи во Мадрид лани. Сите добро знаат, два гола од офсајд и еден црвен картон што беше незаслужен. Се надевам дека овојпат се ќе биде во најдобар ред, судијата ќе треба да гледа што се случува на теренот и да не потпаѓа под притисокот од трибините“ – изјави Милер.

Германскиот репрезентативец е втор најдобар стрелец на Баерн, но интересно – во кариерата ниту еднаш не постигнал погодок потив Реал Мадрид.

„Тоа е чуден податок, сум се наоѓал во шанси, но ете не сум успеал да посттигнам гол. Како и да е, тоа ќе ме направи уште помотивиран за реваншот“ – истакна германскиот ас.

Се вчитува...