Комплетен ’ремонт’ во Наполи: Доаѓа Конте на клупата, си одат Мертенс, Калјехон, Кулибали…?!

Италијанскиот калчолигаш Наполи очигледно ќе ја загуби трката за шампионската титула во Серија А со Јувентус, а тоа би можело да доведе и до комплетен ’ремонт’ на тимот во летниот преоден рок. Најверојатно ќе си замине тренерот Маурицио Сари, на кого кон крајот на мај му истекуват клаузулата вредна 8 милиони евра, а на негово место сензационално се најавува доаѓањето на Антонио Конте. Всушност, тие би требале да си ги заменат работните места, па Сари да пристигне на „Стемфорд бриџ“, а Конте да долета во Неапол.

Доколку Конте го преземе Наполи, тогаш ќе се случи вистинска реорганизација во тимот. Се најавува заминувањето на неколку фудбалери кои се сега костур на составот, како Дрис Мертенс, Хозе Калјехон, Жоргињо, Хисај, Кулибали, Реина, кој веќе е договорен со Милан.

Од продажбата се очекуваат повеќе од 200 милиони евра кои ќе му бидат дадени на располагање на Конте да оформи тим според своите вкусови. Единствените двајца фудбалери кои се недопирливи во Наполи се Марек Хамшик и Лоренцо Инсиње. Тие ќе останат во Неапол и околу нив ќе се гради новиот тим на „наполитанците“.

Се вчитува...