„Бомба“ од БиХ: Бувач е наследникот на Венгер во Арсенал

Жељко Бувач не си заминува од Ливерпул поради недоразбирања со Јирген Клоп, туку бидејќи добил понуда од Арсенал за да го наследи Арсен Венгер на клупата на „топчиите“. Ова го тврди босанскиот портал „Правда“ повикувајќи се на извори блиски до српскиот стратег кој последните денови ги минува крај своите родители во Бања Лука. Британците многу сериозно ги земаат овие шпекулации во предвид, потсетувајќи дека токму „Правда“ пред неколку години прва објави дека Клоп и Бувач во пакет доаѓаат во Ливерпул, и тоа 24 часа пред Брендан Роџерс да добие отказ од менаџерската функција на „Енфилд“.

Тој во минатото одби неколку понуди за самостојна работа, но предизвикот во Арсенал да се наследи Арсен Венгер очигледно е преголем залак за да се одбие. Според „Правда“, сите детали се веќе договорени, а откако ја прифатил понудата на „топчиите“ Бувач ги известил челниците на Ливерпул, по што добил дозвола да си замине во функцијата асистент на Јирген Клоп.

Бувач беше асистент на Клоп од 2001 година, извршувајќи ја оваа функција во Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул, а Арсенал ќе му биде прв самостоен тренерски ангажман на стратегот наречен „мозок“.

Се вчитува...