Баерн Минхен доживеа елиминација на „Сантијаго Бернабеу“ играјќи 2-2 против Реал Мадрид, но на германскиот тим му недостигаше само еден погодок за да обезбеди пласман во финалето на ЛШ во Киев. Разочарани се во таборот на Баерн Минхен, но Томас Милер смета дека баварците немаат од што да се срамат.
„Нема од што да се срамиме. Боли кога ќе ве елиминираат на ваков начин, а сте знаеле дека можете да постигнете и многу повеќе. Пропуштивме многу шанси за да постигнеме гол кој ќе не води во финалето во Киев“, изјави Томас Милер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА