Манџукиќ се враќа за финалето на италијанскиот Куп

Хрватскиот интернационалец Марио Манџукиќ ќе го пропушти саботниот натпревар на Јувентус против Болоња во Серија А, но ќе се врати во тимот за финалето на Купот на Италија, кое е закажано за 9.мај, против Милан на „Олимпико“ во Рим. Манџукиќ заработи сериозна повреда на ногата по грубиот старт на Весино на дербито против Интер, но очигледно дека сепак брзо ќе се опорави и ќе се врати во ритам.

Оваа сезона Хрватот настапи на 40 натпревари во дресот на „старата дама“ и постигна десет погодови во сите конкуренции, запишувајќи и три асистенции. Се најавува и негово засминување од Торино по завршувањето на сезоната.

Се вчитува...