Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, верува дека актуелниот европски првак има реални шанси за одбрана на трофејот на Ф4 турнирот во Келн, во Лигата на шампионите. Тој вели дека Вардар треба да одигра шампионски – за да ја задржи шампионската круна
„Лани бевме аутсајдери, но оваа година чувството е поинакво. Ние доаѓаме како шампиони, ќе го браниме трофејот, но и треба да одиграме шампионски за тоа. Сите учесници имаат свои шанси на Ф4 турнирот во Келн, ние ќе го дадеме својот максимум за повторно да одиме до самиот крај и да славиме“, изјави Стојанче Стоилов, откако Вардар го дозна својот противник во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА