ФОТО НА ДЕНОТ: Газда Сергеј, на Вардар што му е?!

Од најтрофејниот македонски клуб оваа пролет нема одговор на ниту едно од многуте прашања кои на крајот, во секој случај, се сведуваат на едно централно: На Вардар што му е?

Нема одговор на: Што се случува со платите на фудбалерите? Што се случува со заминувањата на фудбалерите сред сезона? Што се случува со иднината на клубот? Што се случи со Чеде Јаневски? Зошто се уште не може Бабунски да биде именуван за нов шеф на стручниот штаб? Што се случува со распродажбата на честа на црвено-црните бои на секој можен натпревар?…

Одговори нема, ама барем ете газда Сергеј Самсоненко по подолго време се појави на еден натпревар на својот тим. Арно ама, очигледно и тој не беше доволно добар мотив „вардарци“ конечно да заиграат фудбал! И газда Сергеј, во друштво на не баш расположеното раководство, Спасески, Симев, Најдоски…, само сведочеше на уште едно траги-комично издание на тимот кој сезонава донесе историја за македонскиот фудбал со настапот во Лигата на Европа!

 

Се вчитува...