Одбојкарите на Вардар со брејк во Струмица ја почнаа финалната серија

Одбојкарите на Вардар победнички ја отворија финалната серија од плејофот. „Црвено-црните“ со максимални 3-0 во сетови го совладаа актуелниот првак Струмица на гостински терен и поведоа со 1-0 во серијата до три победи.

Сега вардарци ќе бидат домаќини и ќе ја пречекаат Струмица на домашен терен, в петок, со почеток во 20.30 часот, во салата „Градски парк“ во Скопје. Тоа е убава можност да стигнат до вториот триумф и да бидат само на чекор од преземање на трофејот од струмичани.

Се вчитува...