Од канцеларијата на европскиот шампион РК Вардар информираат дека за вториот настап на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во Келн, клубот обезбеди контингет на блок-билети за македонските навивачи.
Како што информираат од редовите на „црвено-црните“ блок билетите за двата натпреварувачки дена (полуфиналето и финалето) чинат 17.300 денари. Во оваа цена е вклучен само билетот за натпреварите.
Фајнлфор турнирот од ЛШ се игра 26. и 27. мај во Келн. Вардар, како што е познато на 26. мај во полуфиналето од 18 часот ќе се соочи со Монпелје. Претходно од 15:15 часот во првото полуфинале ќе играат Нант – ПСЖ.
Билетите за Ф4 турнирот веќе се пуштени во продажба, а продажбата на блок билетите ќе се врши исклучиво онлајн преку http://vardarfanshop.com/index.php?route=product/category&path=70
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА