Дербито во „Јане Сандански“ меѓу МЗТ Скопје и Работнички минува во одлична атмосфера, а домашните кошаркари имаат огромна страна од своите верни навивачи. „Фемили Аеродром“ се желни за победа на своите миленици над големиот ривал, а во првиот дел приредија и мало пиротехничко шоу, период во кој МЗТ влезе во серија и за момент имаше и двоцифрена предност.
Во втората четвртина на својата трибина се појавија и припадниците на „Сити парк бојс“, кои се вклопија во спортската атмосфера без ниту еден единствен инцидент во првото полувреме од вечното дерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА