Хамилтон: Поради лудите забави во Мајами, тешко дека таму ќе возам за титула!

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, „стравува“ од новата трка во Мајами која треба да влезе во календарот на Ф1 од следната сезона. Но, причината не е во тежината на патеката или во силната конкуренција туку во убавите девојки и во лудите забави во Мајами на кои Хамилтон тешко им одолева.

„Мојот пријател ми испрати порака од Мајами во која ми напиша дека никогаш нема да ја освојам таа трка бидејќи градот е премногу возбудлив. Мајами е посебно место за најлуди забави на светот. Тоа би можел да биде многу тежок викенд. Сега, кога размислувам за тоа, па можеби ќе биде подобро во тоа време да бидам некаде надвор од градот ако сакам после да возам. Во Мајами има многу убави жени и треба да се задржи концентрацијата“ – во шега вели возачот на Мерцедес.

На Флорида се убедени дека мајами ќе ја добие дозволата и од 2019 година ќе влезе во календарот на Формула 1. Трката во Мајами би се возела во октомври, најмалку во наредните десет години.

Се вчитува...