Јунајтед тргнува по Дрис Мертенс

Жозе Мурињо ќе продолжи со „ремонтот“ на навалната линија на Манчестер јунајтед, па по доведувањето на Алексис Санчез планира летово да го доведе на „Олд трафорд“ и Дрис Мертенс. Како што јавува таблоидот „Сан“, фактот дека Мертенс е достапен за сума од 28 милиони евра (клаузула во неговиот договор со Наполи) го направил овој фудбалер максимално интересен за „црвените ѓаволи“.

Антони Марсијал е подготвен за заминување бидејќи договорот му истекува наредното лето, Јунајтед очекува заработка од најмалку 50 милиони евра од продажбата на Французинот, сума од која половина ќе биде реинвестирана во ангажан на Мертенс.

Во една таква ситуација, Мурињо би ги има на располагање Мертенс, Алексис Санчез и Лукаку во нападот за наредната сезона, помогнати со Рашфорд како прва резервна опција.

Се вчитува...