Бејл на чекор до камбек во Тотенхем

Герет Бејл е подготвен за камбек во Премиер-лигата, а најсериозен конкурент во трката за Велшанецот е токму неговиот поранешен клуб Тотенхем. „Спарси“ се свесни дека им е неопходен искусен играч со победнички менталитет за да го направат чекорот кон врвот на англискиот фудбал, па веруваат дека Бејл би бил идеално решение.

Велшкиот ас имаше низа фантастични настапи за лондонскиот клуб со што си обезбеди трансфер во Реал Мадрид, но во последната година Бејл повеќе не е стандарден кај Зинедин Зидан. Тој редовно ги почнува клучните натпревари на клупата за резерви, што е причина и самиот фудбалер да сака да си замине, но и клубот да инсистира на негова продажба додека може да врати барем дел од инвестираните пари.

Реал бара 90 милиони евра, сума што реално никој од европските клубови не е подготвен да ја плати, но во Тотенхем се надеваат дека за 50 милиони фунти (околу 60 милиони евра) ќе успеат да си го вратат своето „дете“ назад во таборот. Во игра се и Челси и Манчестер јунајтед, но според „Дон Балон“, Тотенхем е во водство во оваа трка и трансферот би можел да биде комплетиран веднаш по завршувањето на сезонава.

Се вчитува...