Вест Бромвич уште има надеж за спас во Премиер – лигата, важен триумф за Вест Хем

Вест Бромвич Албион успе ада го совлада Тотенхем со 1-0, со голот на Крис Брант во третата минута од судиското продолжение и си го продолжи животот во Премиер – лигата. Овој тим беше на работ на испаѓање, но сега има надежи за спас.

Важен триумф оствари и Вест Хем кој славеше на гости (0-2) против Лестер. Жоао Марио и Марк Нобл беа стрелци на головите за „чеканите“ на овој меч. Ватфорд исто така стигна до значајна победа (2-1) на домашен терен против Њукасл, со која и дефинитивно обезбеди опстанок. Бурнемаут славеше против Свонси со 1-0.

Се вчитува...