Водњански лисици е вториот второлигаш кој успеа да обезбеди пласман во елитното друштво, откако го освои второто место во овој ранг на натпреварување, што носи и влез во Првата лига.
Со (не)одигрување на натпреварот помеѓу екипите на Ангели и на Црн Дрим (0-20) сезоната 2017/2018 во Втората лига во машка сениорска конкуренција и официјално е комплетирана. Вкупно девет екипи оваа година се надигруваа во рамки на втората по ранг силна лига во машка сениорска конкуренција во Република Македонија и тоа Академија ФМП, Ангели, Вардар, Водњански Лисици, Карпош Соколи, МЗТ Скопје Аеродром, Овче Поле, Тетекс и Црн Дрим.
По шеснаесет одиграни меѓусебни натпревари првото месо му припадна на Вардар. „Црвено-црните“ од Кале заверија вкупно 15 победи и само еден пораз стационирајќи се на првото место на табелата со 31 бод. Само еден бод помалку имаше екипата на Водњански Лисици. Двете екипи во идната сезона (2018/2019) ќе се натпреваруваат во прволигашката конкуренција.
МЗТ Скопје Аеродром и Ангели наредната сезона ќе се натпреваруваат во најнискиот ранг, третата лига. Во втората лига промоција обезбедија Спорт Тим Неготино и Партизан од Третата лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА