„Росонерите“ лесно ја средија Верона

Милан лесно излезе на крај со Верона, совладувајќи ја на „Сан Сиро“ со 4-1. „Росонерите“ беа подобар противник и стигнаа до убедлив триумф.

Чалханоглу во 11.минута го доведе Милан во водство, а Кутроне во 32.минута ја усвои предноста. На стартот на вториот дел Абате постигна трет гола за Милан, по што беше јасно дека бодовите ќе останат во Милано. Почесен погодок за Верона постигна Шонг – Ли, а Фабио Борини во завршницата го постави конечниот резултат на овој меч.

Се вчитува...