Падна и Болоња – Јуве е на една победа до ново скудето

Јувентус се наоѓа на само еден чекор до нова шампионска титула, откако „старата дама“ вечерва триумфираше со 3-1 над Болоња. „Црно-белите“ би можеле веќе утре да го прослават скудетото, доколку Торино слави на гостувањето против Наполи, но дури и доколку тоа не се случи, новиот трофеј е на дофат бидејќи за него на Јуве ќе му биде доволна една победа во последните две кола, гостувањето против Рома и домашниот меч со испаднатата Рома.

Денешниот меч донесе неочекувани проблеми за „старата дама“, по слабото прво полувреме кое Болоња го доби со 0-1 со пеналот на Верди. Алегри реагираше, уште на паузата го уфрли Даглас Коста на местото на Матуиди и Јувентус заигра како што му доликува на актуелниот првак на Италија.

Израмнувачкиот погодок беше автогол на Де Мајо во 52. минута, за потоа пресвртот да го комплетираат Кедира и Дибала, по двете асистенции на Даглас Коста.

Се вчитува...