Зрињски ја освои шестата титула во шампионатот на БиХ, а потоа и знаеја како да го прослават најновиот успех. Тренерот Блаж Слишковиќ од секогаш знаел да направи атмосфера, па тоа беше случај и при синоќешната прослава, кога почна да му лепи пари на својот фудбалер Огњен Тодоровиќ кога овој почна да пее песна за клубот: „Еј Зрињски ко нам брани, да буде све ко лани“.
Претходно, лудо беше и за време на натпреварот со Широки бријег, на кој победата од 3-1 ја осигура титулата на Зрињски. По само десет минути игра, при водство од 1-0 домашните навивачи со пиротехничко шоу почнаа со шампионската прослава.
Токму пред самиот финиш на мечот дојде до огромна бура проследена со грмотевици, но тоа не ги спречи фудбалерите и навивачите заедно да ја прослават новата титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА