Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед успеал да го договори трансферот на српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ – Савиќ во претстојниот летен преоден рок, откриваат медиумите на Островот. Трансферот ќе изнесува 80 милиони фунти, плус дополнителни бонуси за освоени титули во редовите на „црвените ѓаволи“. Србинот треба да потпише четиригодишен договор и да биде прво големо засилување за составот на Жозе Мурињо за следната сезона.
Португалецот не е задоволен од игрите на Пол Погба, и можеби ќе му дозволи да замине на едногодишна позајмица во Јувентус, а токму Сергеј Милинковиќ – Савиќ треба да биде новиот креатор на играта на тимот од „Олд трафорд“.
Покрај Манчестер јунајтед, за одличниот играч за врска на Лацио постои интерес и од Јувентус, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА