Македонски пливачи запишаа забележителни резултати на Балканското првенство во Сараево, БиХ, одбележувајќи два пласмани во финалните трки.
Миа Крстевска го освои 5. место на 200. метри грбно пливајќи со време од 2:23.86 минути.
Иван Симоновски, пак, го освои 6. место на трката на 100 метри делфин, со време од 57.26 секунди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА