Атлетико Мадрид го претрпе својот прв пораз на „Ванда Метрополитано“ откако тимот на Диего Симеоне беше изненаден пред своите гледачи од Еспањол со 0-2.
Во ситуација кога пласманот во ЛШ е обезбеден, а титулата веќе осигурана од Барселона, Симеоне реши да го изротира тимот, но оние кои добија шанса не ја оправдаа довербата. Атлетико не само што одигра слабо во нападот, туку и недостигаше сигурност во одбраната, па гостите од Барселона со два гола во второто полувреме преку Мелендо и Лео Баптистао стигнаа до изненадувачки триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА