Филипе Кутињо вечерва ќе го игра своето прво „Ел Класико“, откако Ернесто Валверде му укажа доверба на бразилскиот ас вклучувајќи го во стартниот тим за дуелот со Реал Мадрид. Ова воедно ќе биде последно дерби за Андрес Иниеста, кој исто така е стартер, но затоа меѓу првите единаесетмина нема место за Дембеле.
Зинедин Зидан му дава шанса на Герет Бејл да ги покаже своите квалитети во трио со Бензема и Роналдо. Откако на претходните позначајни дуели шанси добиваа Иско и Асенсио, стратегот на Реал овојпат се реши за Бејл, па останува да се види дали Велшанецот ќе одговори на овој предизвик.
Варан е „фит“ по повредата и го зазема своето место во одбраната, каде на десен бек се враќа Начо, на местото на повредениот Карвахал.
СОСТАВИ:
БАРСЕЛОНА: Тер Штеген, Роберто, Алба, Пике, Умтити, Бускетс, Иниеста, Ракитиќ, Кутињо, Меси Суарез.
РЕАЛ МАДРИД: Навас, Начо, Рамос, Варан, Марсело, Кашемиро, Крос, Модриќ, Бејл, Роналдо, Бензема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА