Штефан Лихтштајнер минатата седмица објави дека по седум години ќе си замине од Јувентус по истекот на актуелниот договор што завршува на крајот од оваа сезона. Веќе е позната и следната дестинација на 34-годишниот дефанзивец – Бундес-лигата, поточно екипата на Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ се во потрага по искусни фудбалери за својата одбранбена линија, а Лихтштајнер е достапен без никаква отштета, со што излегол во преден план кај челниците на Борусија. Како што пишуваат италијанските и германските медиуми, преговорите што стартувале пред десетина дена завршиле успешно и Лихтштајнер во следните денови и официјално ќе потпише двогодишен договор со „милионерите“ од Дортмунд.
Швајцарецот го носеше дресот на Јувентус уште од 2011 година, кога потпиша за „старата дама“ од редовите на Лацио за сума од 10 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА