Хотелите во Киев по „скопски принцип“: Ноќевање во очи финалето на ЛШ ќе чини 2.800 долари

Украинскиот град Киев ќе биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите. На 26 мај на Олимпискиот стадион во Киев силите ќе ги одмерат европскиот првак Реал Мадрид и англискиот премиерлигаш Ливерпул. А хотелите во Киев ќе работат по „скопски принцип“, кој беше применет во пресрет на Суперкупот на Европа, меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Поради огромниот интерес на фановите од Шпанија и од Англија, но и од цела Европа, хотелите драматично ги зголемија цените за ноќевање во пресрет на финалниот меч. Како што пишува „Киев Пост“, ноќевање во хотел кое вообичаено чини околу 50 долари, ден пред финалето на ЛШ ќе чини неверојатни 2.800 долари. Дел од цените во хотелите се зголемени и до сто пати.

Во Киев се очекува да допатуваат околу 90.000 фанови на Реал Мадрид и на Ливерпул, а најголемите среќници ќе имаат можност и да го следат во живо финалниот натпревар од Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...