Главчев: МЗТ сигурно е фаворит, но ние покажавме дека можеме да го победиме

Полуфиналните пресметки во кошаркарскиот плејоф ќе стартуваат веќе утре со дуелот меѓу шампионот МЗТ Скопје и Блокотехна. Новиот клуб од Гевгелија ги доби првите два меча со „металците“, аеродромци возвратија со две победи во Супер-лигата, па јасно е дека и утрешниот прв меч во СЦ „Јане Сандански“ (19 часот) ќе донесе неизвесност и голема битка за победа.

Капитенот на Блокотехна, Горан Главчев, му ја препушта фаворитската улога на актуелниот шампион, но и најавува дека гостите од Гевгелија ќе сторат се за да прирдат изненадување.

Одигравме голем број на меѓусебни натпревари оваа година, МЗТ сигурно ќе ја има фаворитската улога, но ние ќе дадеме се од себе за да го изненадиме големиот противник. Сезонава веќе покажавме дека можеме да ги победиме, знаеме дека нема да биде лесно, но се уште ги имаме нашите два главни адути, желбата за победа и тимската хемија кои ја красат Блокотехна низ целата сезона. Главна предност нз МЗТ Скопје ќе биде подолгата ротација и поголемиот избор на домашни играчи, но како што реков ние нема однапред да се предадеме. Очекувам неизвесна полуфинална серија“ – изјави Главчев во пресрет на утрешниот прв натпревар.

Македонската Кошаркарска Федерација денеска донесе одлука полуфиналните пресметки да се играат во различни денови, па така МЗТ и Блокотехна ќе играат вторник – петок – недела, додека Работнички и Куманово своите натпревари ќе ги играат во среда, сабота и понеделник. Овие серии се играат до три добиени натпревари.

Се вчитува...