Агенцијата за млади и спорт е повторно местото од каде македонската карате репрезентација заминува на 53. Европски шампионат во Нови Сад, Србија, на кој шампионат учество ќе земат 532 натпреварувачи од 52 земји, што претставува рекорден број држави на континентални шампионати.
На прес-конференцијата организирана во просториите на АМС, свое излагање имаа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и стручниот штаб на македонската карате репрезентација, предводена од Стојан Андриевски и Сашко Арсовски.
Директорот Каевски истакна дека нашата држава е редовен осојувач на медали, што е единствен случај во сите наши спортови, а особено е важно што минатата година Македонија се закити со сребрен и бронзен медал, на првото европско првенство откако каратето стана олимписки спорт.
„Македонија во изминатава деценија е редовен освојувач на медали, што е единствен случај во сите наши спортови, а особено е важно што минатата година се закитивме и со сребрен и бронзен медал, на првото европско првенство откако каратето стана олимписки спорт. Моите очекувања за настапот во Нови Сад се оправдани ако кажам дека ќе се вратат со освоена медалја, ако се знае дека Емил Павлов, досега освои 2 европски медали од кои еден златен 2014 и бронзен во 2016 година, Берат Јакупи освои две медалји, сребрен во 2017 и бронзен во 2013 година, Жарко Арсовски беше бронзен на светското првенство 2010 година додека Мартин Несторовски беше бронзен во 2015 година. На крај сакам да им посакам успешен настап на нашите каратисти и како што ги испраќаме, така и да ги дочекаме во Агенцијата за млади и спорт, со медали и со насмевки на нивното лице“, – истакна Каевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА