Чави Пасквал уште четири години на клупата на Барса

Тренерот на Барселона, Чави Пасквал, го продолжи договорот со каталонскиот клуб за уште четири години. Пасквал на клупата на Барселона дојде во февруари 2009 година по заминувањето на Маноло Каденас и ќе го предводи каталонскиот клуб до крајот на сезоната 2021/2022.

Во изминатите девет години како прв тренер, Чави Пасквал со Барселона има освоено 43 титули, а последната ја додаде викендов по триумфот над Ла Риоха во финалето на „Копа дел Реј“.

Паралелно со тренерската функција во Барселона, шпанскиот тренер останува и на селекторската функција во репрезентацијата на Романија.

Се вчитува...