Швајцарскиот стратег Лусијан Фавр ќе биде нов тренер на германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд, открива „Скај Германија“. Тој по завршувањето на сезоната ќе го напушти кормилото на францускиот прволигаш Ница и треба да го преземе составот на „милионерите“. Фавр ќе го наследи Петер Штогер, кој ќе си замине од редовите на Борусија Дортмунд.
За Фавр тоа ќе биде трет клуб во Бундес-лигата, откако беше тренер на Херта (2007-2009) и на Борусија Менхенгладбах (2011-2015).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА