Изненадување од Италија: Венгер доаѓа на кормилото на Наполи

Францускиот стратег Арсен Венгер заминува од Арсенал, но може експресно да седне на клупата на Наполи. Како што пренесува „Раи Спорт“, Венгер од следната сезона би можел да ги води „наполитанците“ во битката за скудетото.

Французинот цели 22 години го водеше Арсенал, а по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти „Емирати“ и ќе побара нов професионален предизвик. Тоа можеби ќе биде и клупата на Наполи.

Актуелниот тренер на „наполитанците“, Маурицио Сари, најави дека ќе размисли за заминување од клубот по завршувањето на сезоната, откако неговиот тим ја загуби трката за шампионската трка со Јувентус.

Се вчитува...