Еден меч суспензија за Горан Пандев

Горан Пандев ќе може да се врати на терените пред крајот на оваа сезона откако дисциплинската комисија при Серија А покажа милост кон македонскиот ас и му додели само еден натпревар суспензија.

Нашиот капитен поцрвене поради груб старт на дуелот Џенова – Фиорентина и прогнозите беа дека ќе биде изречена казна од најмалку два меча. Сепак, „дисциплинецот“ реши Пандев да паузира само еден натпревар, изрекувајќи му иста казна како и на Квадрадо (Јувентус), Луис Алберто (Лацио), Бани и Радовановиќ (Киево), Пелусо (Сасуоло), Викари (СПАЛ) и Фофана (Удинезе).

Ова значи дека Пандев ќе го пропушти следниот дуел на гостински терен против Беневенто, но ќе се врати во тимот во последното коло, во кое Џенова ќе го пречека Торино.

Се вчитува...