Илиевски: Немавме сили да издржиме, оваа сезона е пеколна за нас

Стратегот на Блокотехна, Марјан Илиевски, го посочи малиот број на играчи како главен фактор за денешниот пораз од МЗТ Скопје. Тимот од Гевгелија одлично му парираше на актуелниот шампион, но немаше сили да го издржи темпото до самиот финиш, во последната четвртина дојде до пад во концентрацијата што „металците“ го искористија за да стигнат до победата.

„Игравме добро, одржувавме резултатска неизвесност, но не можевме да издржиме до самиот крај. Немам што да замерам на играчите, добро парираа, штета е што снемаа сили кога беше најважно. Единствена екипа сме што настапува со само осум играчи, од нив тројца Македонци од кои двајца мора да се на терен во секој момент. Оваа сезона е пеколно исцрпувачка за нас, знам дека сите играчи секогаш го даваат максимумот, но за жал често пати се случуваше како денеска да снемаме сила во самиот финиш. Без оглед на се, очекувам уште подобра игра на следниот натпревар на домашен терен“ – изјави Илиевски.

Се вчитува...