Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани ќе го напушти Пари Сен Жермен и ова лето ќе го засили Атлетико Мадрид. Според „Мундо Депортиво“, овој трансфер е речиси договорен, а Кавани треба да биде замената за Антоан Гризман, кој ќе се пресели во редовите на Барселона.
Кавани најави дека сака да остане во ПСЖ, но раководството на клубот најверојатно ќе го продаде за да му удоволи на Нејмар. Уругваецот има и висока плата, 12 милиони евра годишно, а „светците“ се обидуваат да ги скратат трошоците за следната сезона.
Во Атлетико Мадрид, Единсон Кавани би им се придружил на сонародниците Диего Годин и Хозе Мариа Хименез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА