Бразилскиот интернационалец Дани Алвеш заработи сериозна повреда на коленото на синоќешниот меч од Купот на Франција која би можела да го оддалечи и од настап на Светското првенство во Русија. Тој го освои својот 38. трофеј во кариерата, но секако дека нема по добро да го памети овој финален меч, доколку повредата не му дозволи да игра на Светското првенство.
Првичните проценки се дека Дани Алвеш го очекува пауза од најмалку еден месец, а тоа значи и дека нема да може да влезе во составот на Бразил за настап на мундијалот. Лекарите сигурно ќе сторат се од себе за да успеат да го оспособат, меѓутоа неизвесноста ќе трае до последен момент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА