Продолжува ‘распустот’ на Серена

Серена Вилијамс го пропушта и тенискиот Мастерс во Рим. Освојувачката на 23 гранслем титули оваа информација ја објави без поопширно објаснување за причините меѓутоа јасно е дека американската тенисерка не е доволно подготвена. Оваа причина таа ја даде при објавата за повлекувањето од турнирот во Мадрид кој е во тек. Одлуката да не настапува во Рим го отвора дилемите околу појавувањето на Серена и на Ролан Гарос, вториот годинашен гранслем кој ќе се одржува од 27 мај. Серена Вилијамс нема настапувано на земјен турнир уште од финалето на францускиот гранслем во 2016 година.

Сега таа нема да се бори ниту во Рим, Мастерсот на кој што има освоено пет титули.

Серена беше на породилно отсуство од јануари минатата година. Почна да настапува на турнири на почетокот на 2018 и одигра само четири меча вкупно. Во Мајами беше поразена рано на турнирот од Наоми Осака, а во Индијан Велс загуби од сестра и Венус.

 

Се вчитува...