Ана Сен: Ростов е во подобра кондиција од Вардар

Вардарки преку Ростов Дон ќе се борат за место во големото финале на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите што ќе се одржи викендов во Будимпешта. Македонскиот шампион е единствена екипа со пет последователни настапи на завршниот турнир во ЛШ, а Ростов Дон пак е дебитант во големата четворка. Левиот бек на рускиот шампион, Ана Сен, смета дека тоа не претставува пречка за амбициите на Ростов дебито на Ф4 да го крунисаат со европска титула.

Ростов и јас лично за прв пат стигнавме до Ф4 во Лигата на шампионите, но ние сме максималисти. Нашата цел е да го освоиме трофејот. Сите тимови кои се во конкуренција се повеќе или помалку на исто ниво. Сите сме ги победиле, па воопшто не стравуваме од никого“ – вели 27 годишната руска ракометарка.

Сен минатиот месец се врати на терен по породилното отсуство и му помогна на својот тим да ја победи Лада Тољати во борбата за шампионската тутула во Русија. Сега веќе се подготвуваат за дебито на Ф4 во Будимпешта. Прв птредизвик ќе им биде саботното полуфинале против Вардар.

„Вардар има добар, искусен и добро избалансиран тим кој игра на Ф4 секоја година. Ние треба да се подготвимер тактички, мислам дека нашата предност е подобрата физичка подготвеност. Нашиот тим има повеќе конкуретни натпревари, имаме подобар ритам и треба да го капитализитраме тоа“ – истакнува Ана Сен.

 Полуфиналето меѓу Вардар и Ростов Дон се игра на 12 март (18 ч.). Пред тоа во првото полуфинале на годинашниот Ф4 турнир од ЛШ, силите ќе ги одмерат актуелниот шампион Ѓер и поранешниот шампион ЧСМ Букурешт.

Се вчитува...